Отстранување на електронски отпад

Најчесто мемориски уреди содржат доверливи информации, а со тоа чувањето на електронска опрема која што повеќе не е во употреба станува сериозна закана за репутацијата и безбедноста на Вашата компанија поради тоа што информациите може да дојдат до неовластени личности. Кога станува збор за ослободување од мемориски уреди кои не се користат, безбедноста на информациите кои се складирани на нив мора да биде во прв план.

По користењето на нашиот софтвер, Ви гарантираме дека е безбедно Вашиот електронски уред повторно да се користи или да се донира. Доколку сепак одлучите дека уредот не Ви е потребен и сакате да го рециклирате, Монодата Ви нуди решение за брзо и лесно ослободување од непотребните уреди.

Во соработка со овластена компанија за рециклирање на електронски отпад, нудиме бесплатно подигнување и рециклирање на електронски уреди кои се неисправни или немате потреба од истите. На овој начин, добивате целосно решение за рециклирање на електронскиот отпад и бришењето на податоците.

Контактирајте нé за да организираме бришење на податоци и подигнување на е-отпад!

TOP