Сигурно бришење на податоци (Secure Erase) се врши преку firmware, односно преку системскиот софтвер запишан во ROM, PROM или EPROM меморијата. Firmware софтверот корисникот може да го чита, но не може да го промени. Кога е возможно, софтверот испраќа команда до фирмверот на уредот со што почнува процесот на презапишување на секој сектор со 0 или 1. Со оглед на тоа што ова е интерен процес, истиот се завршува многу брзо.
Софтверот кој го користиме има способност да утврди дали меморискиот уред кој се брише има можност да направи вакво сигурно бришење и доколку е возможно софтверот ќе се обиде да го примени овој метод за поефикасно бришење на уредот. Ако е избрана, на пример, шема на бришење со 3 поминувањa (3 pass overwrite pattern), софтверот ќе се обиде да употреби secure erase во едно од трите поминувања. Софтверот автоматски генерира лог со информации кој што потврдува дека овој метод е реализиран.
Меѓутоа, ако secure erase методот не е поддржан од меморискиот уред, самиот софтверот мануелно го извршува овој процес. Во зависност од избраната шема на бришење, софтверот ќе ги препише сите сектори од меморискиот уред со нови податоци.