Нашиот тим

Ние сме мал тим кој работи на големи предизвици во отворена соработка со нашите клиенти.

Тимот е составен од професионалци кои имаат искуство на различни области како бизнис консултатство, ИТ безбедност, банкарство и рециклирање на отпад. Нашето заедничко искуство ни помогна да ги согледаме реалните проблеми и ризици поврзани со безбедноста на податоците, и да развиеме холистички пристап со цел да Ви помогнеме да се справите со истите.

Безбедноста на вашите податоци е на прво место!

Сигурно. Доверливо. Етичко.

Мисија и визија

Во денешната информациска ера каде податоците се највредно средство, се појавуваат постојани закани за податоците со кои располагаат компаниите и индивидуите. Поради тоа тие мора проактивно да дејствуваат во однос на потенцијалните ризици од злоупотреба на податоците и да бидат сигурни дека податоците се чуваат или уништуваат согласно законските мерки и прописи. Поради зголемените ризици поврзани со заштита на податоците, холистичкиот пристап за управување со податоците станува клучен за  компаниите.

Нашата мисија е да им овозможиме на нашите клиентите целосна сигурност и спокојство кога станува збор за безбедноста на податоците, како и целосна усогласеност со законските регулативи и стандарди.

Нашата визија е да ја подигнеме свеста за потенцијалните ризици поврзани со безбедноста на податоците на корпоративно и на индивидуално ниво, да промовираме сигурносни практики и да помогнеме да се подобри целокупната безбедност на податоците.

Контактирајте нé за да го запознаете нашиот тим.

TOP